Конечно насмевка на намаченото лице на баба Ѓурѓа: “Вера, надеж, љубов” е мотото на хуманите граѓани кои и’ помагаат (Фото)

Владимир Блажев – Панчо од дуото ДНК, пред два дена на социјалните мрежи напиша статус кој допре до илјадници корисници.

“Карпош три, веднаш на паркингот на тинекс здогледав стара бабичка која седи со главата надоле, а пред неа 2-3 гајби со прекрасно тазе набрани букети цвеќе. Тргнав кон неа и ја поздравив, ја крена главата ме погледна и едвај ме поздрави назад. Веднаш ја познав, тоа беше баба Ѓурга и просто не ми се веруваше дека сеуште “работи” и покрај староста.

Во тој момент, погледот на тие измачени очи, гласот и изгледот на тие збрчкани рацете ме скаменија. Очи кој кажуваа многу без баба Ѓурѓа да треба да изусти ниту еден збор. Ја запрашав дали е добра, уште колку букети останале и дали ако и ги купам сите ќе си иде веднаш дома за да се одмори од топлово?

Ме гледаше десетина секунди збунето па ми кажа: Земи ги синко ако не ти е скапо ама знам дека тоа се многу пари Премолчив на тоа, се насмевнав горко и ја замолив да ги изброи и каже колку би ме чинеле сите. Почна да брои но сфатив дека не може сама па заедно го сторивме тоа, а додека броевме си направивме муабет и почна самата низ солзи да ми раскажува за нејзиниот живот кој рече дека не го посакува ни на најголемиот душман.

Плачев и јас но во душата за да не ме гледа баба Ѓурѓа и ја слушав внимателно со грутка во срцето. Кога изброивме и кога и ги дадов парите ( 1.100денари ) ме праша кој сум јас и што работам.

И кажав дека сум никој и ништо, дека немам посебна титула во општеството и дека пробувам да останам ЧОВЕК помеѓу сите луѓе. Не знам дали ме сфати ама не е ни битно, најбитно е да знаеме дека баба Ѓурга има 88 години ( родена 1932 ) работи на ДОЖД, СНЕГ, ВЕТЕР и ПЕКОЛНИ ГОРЕШТИНИ и работи не од што сака туку од што МОРА за да ги прехрани и чува децата на нејзиниот син кој бил самохран родител бидејќи за жал нејзината снаа починала

Има букети од 25 и 50 денари, па би ве ЗАМОЛИЛ ако ве носи патот натаму да купите, а со тоа да и помогнете на баба Ѓурга. Само треба да ја осетите таа енергија која ја има за да сфатите колку е суров животот.
Букетите се прекрасни и секогаш тазе набрани, а баба Ѓурга е мојот нов идол и кога ќе ја запознаете убеден сум дека ќе стане и ваш”
, напиша Панчо и доби илјадници коментари, пофалби и лајкови.

Неполни 24 часа по неговата објавата, баба Ѓурѓа почна да пречекува купци за нејзините прекрасни букети со цвеќе.

“Вчерашната иницијатива и статус на мое огромно задоволство стаса до многу хумани луѓе кои благодарение на сликата разбраа за патешествието на ЗЛАТНАТА баба Ѓурѓа.

Ве молам еден поклон до земја за Tijana Skulic и Kristina Gliguroska која денес ја испратија баба Ѓурѓа дома многу порано од вообичаеното и нормално ги купија сите волшебни букети.

Многу ми жал што 3-4 луѓе го сфатија вчерашниот мој апел како селф промоција но не е прв пат да излага отров и гнев од луѓето.

Со оглед на мојата професија низ сиве овие 18 години наназад сум сфатил дека никако не можеш да им удоволиш на луѓето но никогаш пак не сум им се лутел и ги сфаќам до негде. Кога ќе подразмислам и семоќниот БОГ Исус Христ не им чинел на сите негови добрини, а не па јас обичен смртник и грешник.

НАјБИТНО е дека ЦЕЛТА е ПСТВАРЕНА. Ве замолувам од срце оние кои сакаат и мислат дека е исправносекој ден да ми испраќате фотографии од вас и баба Ѓурѓа тука на ФБ или да ме тагнувате на мојот инстаграм профил @djshortypofficial се со цел баба Ѓурѓа да си иде секојдневно порано и да ужива дома со своето семејство во нејзината длабока староста ( 88 години ).

Ви благодарам на сите добри луѓе и сите оние кои праќаат позитивна енергија и го сфатија значењето на вчерашниот пост”, напиша Панчо во нов статус на неговиот Фејсбук профил.

Денеска одново насмевка на намаченото лице од 88-годишната старица.

“Љубовта и поддршката за баба Ѓурѓа продолжува на што сум неизмерно горд на сите вас и на започнатата иницијатива. Денес на сликата веќе можеме да ја забележиме и нејзината искрена насмевка, а еве колку малку треба за да направиш човек среќен. Уште еднаш ви благодарам на сите кои ми пишувате на ФБ во инбокс за секакво инфо и на мојот инстаграм профил @DJSHORTYPOFFICIAL и продолжете да купувате од нејзините магичните букети. Слободно праќајте ми фотки и тагнувајте ме кога ќе ја посетите баба Ѓурѓа за да споделиме, а со тоа да и овозможиме секојдневно да си иде порано дома. Денес Kristijan Stankovski ака БОМБАКИС или попознат како дечкото со КАРТОНИТЕ кои шири позитивна енергија и ве смее нека ви служи за пример. Браво за тебе и капа доле. Идеме понатаму! ПС – ВЕРА, НАДЕЖ, ЉУБОВ”, напиша Диџеј Панчо.

СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА СИТЕ ХУМАНИ ГРАЃАНИ кои од вчера ја посетуваат тезгата на баба Ѓурѓа




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.