Комуналец им е прв комшија, а околу нив има цела прашума (Фото галерија)

Руинирани ходници, тавани пред распаѓање, клозети во мизерна состојба, а капак на се и цела прашума околу објектот.

Во вакви услови работат административците во старата општинска зграда во Прилеп, каде секојдневно стравуваат да не доживеат повреда на работното место.

Во оваа зграда моментално функционираат: Управата за имотно правни работи, Подрачното одделение за земјоделие, подрачното одделение за правда, канцеларија на министерството за транспорт и врски, подрачно одделение на министерството за економија, пазарниот инспекторат, Општинската изборна комисија и уште десетина невладини организации од кои 2-3 за деца со посебни потреби.

Местото наликува на некој запуштен објект во кој никој не стапнал во изминатите 20-30 години, нешто налик на сцените од градот Припјат кој бил испразнет поради нуклеарната катастрофа во Чернобил.

Вработените велат дека сликата е иста во изминатите 3 години, и не се променила дури ни сега кога JKП “Комуналец” им се први соседи.

Пред една недела тука бил дојден и новиот министер за земјоделие Аријанит Хоџа кој самиот видел во какви услови работат административците од неговиот сектор.

Службениците велат дека дури кога врне низ ходниците се движат со чадори, а на шега велат и дека се отпорни на корона со оглед на условите во кои работат.

Во продолжение нешто и од минатата година:

Во оваа прашума и мизерни услови работат државни службеници: Сцени како во напуштениот град Припјат кај Чернобил (ФОТО ГАЛЕРИЈА)




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.