Нешто чудно се случува кај локалните социјалдемократи. Најновата неволја е кандидатурата на Сугарески за градоначалник на Прилеп. Тоа ги доразгорело страстите и сега веќе битката e гради в гради.
Јованоски е подобар на внатрепартиските анкети, наводно и на втората која е во тек и тоа му дава за право да се надева на втора шанаса.
Но, минирањето на сите негови фалби за проекти, промоции, успеси доаѓа од таборот на Сугарески со неговата кандидатура.
Која е логиката ако е успешен да не му дадат втора шанса и да се валоризираат проектите?
Како ќе застанат еден до друг?
Тоа би личело на “квискотека” каде што кандидатите се убедуваат кој е подобар од двајцата на некоја маалска трибина.
Постои опасност кандидатот да е соопштен дури на 31 август и да биде ставен во пат позиција тој што ќе “извиси”.
Членството е ставено во вкрстен оган и со право коментира дека истите политичари ги гледаат веќе 21 година во СДСМ Прилеп.
Втор проблем е очајно слабиот рејтинг на двајцата кандидати наспрема опозицијата, а тоа е нешто што го знаат сите.
Кој и да биде кандидат е три пати послаб на анкетите во споредба со опозицијата 63% наспрема 21%…и тоа дава за право да очекуваме тотален раздор до октомври.
Неофицијално според последната анкета на “Рејтинг”, Јованоски води на внатрепартиските анкети со 53%, наспроти Сугарески кој ужива доверба од 47%.