На површина од 20 илјади метри квадратни комплетнo се уредува парковската површина во населбата Точила 2. Се уредуваат пешачките патеките, ивичнаците, се засадува тревна површина.
„На овој простор се планирани и детски игралишта, а ќе биде поставена и урбана опрема: клупи за одмор, корпи за отпад, како составен дел на сите паркови кои ги градиме, се со цел одржување на хигиената и зголемување на еко свеста кај граѓаните за одржување и чување на зелените порвршини кои се создаваат во градот, посочи градоначалникот Марјан Ристески.
„Овој нов парк што ќе никне во населбата Точила 2, ќе се одржува со техничка вода. За таа цел во населбата се ископани подземни бунари и е изградена инфраструктура, односно инсталирана е мрежа за наводнување, со што би се одржувале овие парковски површини во иднина, посочи директорот на ЈКП „Комуналец“, Златко Ристески.
Парковската површина ќе преставува репрезентативно катче за одмор и рекреација на прилепчани.
Пред две години урбано беше уредена и Точила 1. Жителите од овој дел од Точила добија убава парковска површина, чија инвестиција изнесуваше 12 милиони денари,буџетски средства.