Компанија гордост на Прилеп! Од здружението “Надеж” побараа, а Витаминка донираше голем број пакети за социјално загpoзени семејства (Фото)

Од Здружението “Надеж” на својот Фејсбук профил објавија огромна благодарност до компанијата “Витаминка”, од каде донирале 300 килограми од своите производи, кои ќе бидат донирани на социјално загpoзени семејства, лица со xeндикеп, деца без родители, самохрани мајки и болни лица.

Ова е само една од голем број донации кои досега ги има обезбедено ова здружение. Членките на здружението макотрпно работат дури и во викенди, со цел да помогнат секаде каде што има потреба.

Од “Надеж” упатуваат апел со сите хумани граѓани и фирми кои се во можност да донираат храна и средства за хигиена за социјално загрозени семејства.

Доколку сте во можност да донирате, контактирајте го здружението на нивниот Фејсбук профил, или на телефонскиот број 070-241-068-Претседател на Здружението Васе Благадушоска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.