(Фејсбук статус на навивачката група “Комити”)
“Почекавме малку, за да не реагираме импулсивно и со тоа да испратиме погрешна порака, но наша реакција никогаш не изостанала, па така и ќе биде…
Нов режим го замени предходниот, повторно репресии, малтретирања, и повторно угнетувања врз Комити.
Не демне државната апаратура со целиот свој капацитет, со целата своја моќ (не)дадена во доверба од народот, а злоупотребена од платеници кои го продаваат својот род за грст грошеви, за шака лажна надеж за подобро утре за себеси и своите чеда, а за сметка на нашите и ваши страдања…
Ја очекуваат нашата реакција, по можност да е што порадикална за да ја продолжат својата приказна започната од нивните предходници (а и тие од оние пред нив), дека сме збироштина без концепт, пијани хулигани кои не знаат каде тераат. Тоа се тие стереотипи, но кога ќе налетаат на организација која има став, која брани принципи и вредности, која знае што сака и како да дојде до тоа, тогаш стануваме опасни, вон контрола и непожелни, тогаш им недостигаат оние наивни Комити кои пеат националистички песни, пијани и дрогирани шетаат по улиците и прават проблеми…Замислете, како такви не гледаат! А кои се тоа они?
Профитерска влада клекната на колена чекајќи команда од оние кои ги поставија да бидат таму однадвор, се додека имаат употребна вредност, додека служат за туѓите интереси а против оние на својот народ…Опозиција која како дувло хиени го демне тронот занемарувајќи го фактот дека ја губи нацијата, фокусирани со животински инстикт да ја придобијат наклонетоста од странските господари и да докажат дека тие а не првите нечесници подобро ќе ги осигураат нивните интереси за сметка на Македонските, да добијат зелено светло да присвојат дел од нашето заради зголемување на нивното, да украдат што е можно повеќе од нашата чест за да имаат повеќе за себе, додека притоа тоне се она што се градело со децении, векови, милениуми…
Као, економијата е топ тема сега нели?
Тоне сонцето со шеснаесет краци, слободен пад од небото до бесконечноста, а дното сеуште не е допрено, сеуште не се слушна тој пад кој треба да не отрезни…тоне и она со осум краци, во калта и црнилото кое се таложат од нивните измеќарски гардероби на скитници кои не знаат кои се и што се, а кои навидум изгледаат скапо и отмено…Се мирисаат со најскапите парфеми а смрдат на предавство, трула миризба на луѓе кои се распаѓаат, нивните лица се сушат пред чадот создаден од нагонот за пироманство да гори се што потсеќа на Македонија, Македонско, Македонци…
И повторно кутрите слуги на режимот по налог на олигархијата и предавниците вршат упади во нашите домови !
Што ли се обидуваат да пронајдат? А во иднина ништо чудно и да подметнат!
Мора да има причина зошто толку упорно си ја сакаме својата земја, тоа не може да е едноставно нагон на родољубие, да си го сакаме она кое го имаме, да мечтаеме за она што е наше а е одземено на неправеден начин, затоа што посилните така одлучиле…
Не, не никако тоа, мора да има причина…Мора да има некоја мрачна сила која не храни со зли намери за да бидеме толку упорни и при сите притисоци повторно да ни е природен само еден пат, патот кон самопочитта, патот кон вечноста кој не води преку ископаните ровови од нашите предци каде сеуште не е исушена крвта која ја пролеаа за да имаме парче земја кое можеме гордо да кажеме дека е наша, Македонска…
Тоа е нашиот пат браќа Комити, тоа е нашата судбина наши браќа и сестри Македонци и Македонки, одбрани сме да страдаме за својата земја, за своите, па дури и за оние кои сега не предаваат свесно и несвесно…Но нашиот пат е зацртан, нашите цели се јасни, плачот на нашите срца не може ништо да го смири освен целосна победа и прегазување на надворешните и внатрешни непријатели, компромисот тешко дека е возможен.
Зарем историјата не е прочитана? Зарем не знаат или не чуле за Комитите и Војводите? Зарем помислија дека оние кои заминаа на Мечкин камен веруваа дека ќе ја добијат битката? Колку се само наивни и мали…не научија дека тие тие свесно заминаа во својата смрт затоа што тоа беше единствената алтернатива на Слободата. Тие не можат да го разберат нашиот фанатизам затоа што не се препознаваат во нашата историја, не ги ценат своите предци и газат врз нивните мошти за да донесат и да ни продадат погрешни вредности, вредности кои за нас не значат ништо доколку ја нема нашата Македонија, онаква каква што ја имаме, онаа за која сонуваме, за која се будиме и легнуваме, за која дишеме, за која живееме…
Дигнете се браќа Комити, и бидете спремни да го одбраниме нашиот вечен идеал за Слобода, затоа што ако нема Слобода има само Смрт !!!
Во меѓувреме да ве прашаме, каде се набавуваат оние жолти елечиња?
#Отпор #ЗаМакедонија”