“Комити” жecтоко му одговopиja на Гpyби: „Го мoлиме приcyтниот џгaн да нe нe cтaвa во ycтa“

Навивачката група Комити брзо му одговори на првиот вицепремиер Артан Груби. „Го молиме присутниот џган да не не става во уста“, е одговорот на Комитите за ставот на Груби дека нивното однесување не е прифатливо за новото македонско општество.

Ривалитетот меѓу Вардар и Шкупи секогаш е присутен, а Артан Груби во минатото беше дел од навивачката група „Шверцери“.

Претходно Артан Груби, првиот вицепремиер во новата Влада им порача на навивачката група на Вардар, Комити, дека за нив нема место во новото општество во кое се почитуваат евро-атлатските вредности, алудирајќи на нивното однесување пред мечот меѓу Вардар и Шкупи.

Говорот на омраза и денешното гневно навивање на младите среде Скопје е за секоја осуда. Такво однесување нема место во нашето ново општество, рамноправно општество за сите, со евро-атлантски вредности. На индоктринацијата на младите и етничката нетолеранција им е истечен рокот“, истакна Груби.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.