Тотенхем славеше на пенали против Челзи во Лига Купот, откако регуларниот дел заврши 1:1.
Сепак, за време на пресметката имаше една необична ситуација.
Ерик Дајер на сред меч одлучи да оди во тоалет, во услови кога тренерот Жозе Мурињо немаше повеќе право на нова измена.
Тоа го збесна Мурињо кој отиде по него, погледнете:
После натпреварот, Дајер зборуваше за оваа необична ситуација и истакна дека “природата повикувала” и не можел ништо против тоа.
На прес конференција Мурињо истакна дека играчот бил целосно истоштен, бидејќи играше прва постава и во неделата во Премиер лигата, па целосно го разбира.
“Отидов по него само за да го натерам да побрза, бевме без можност за замени и со играч помалку на теренот”, рече Мурињо.