Колони возила и доцна во ноќта сеуште се заглавени на планинскиот превој Плетвар.
Од видео снимнката која ни ја испрати читател се гледа дека патниот правец Прилеп-Росоман е пуштен само во еден правец, а на другата коловозна лента сеуште има километарска колона.
Причината за ова е големиот пожар кој од вчера попладнето е активен под планинскиот превој во близина на селото Тројаци.
Засега не е познато дали пожарникарите успеваат да се справат со огнената стихија и дали состојбата е под контрола.