Новогодишна еуфорија го зафати деновиве Прилеп. Општинските власти го украсија градот, па сега се’ е подготвено за најлудата ноќ во годината.
За разлика од минатите години, оваа година општинарите наредија нови украси и реквизити во центарот на градот.
Сепак, недостасува транспарентност, па засега не е познато колку средства одвои општината од буџетот за новогодишното украсување оваа година.
Центарот на Прилеп го краси висока новогодишна елка, разни светлечки украси и ламбички во повеќе бои.
Особено впечатлив е булеварот “Гоце Делчев” каде на секој електричен столб има поставено големи сини ѕвезди.
Пред неколку дена медиумите информираа дека скопскиот градоначалник Петре Шилегов, за украсување оваа година потрошил вртоглави 260.000 евра.