Колку години затвор му се закануваат на пејачот Маринко Роквич за тепачката на паркингот ?

Маринко Роквич вчера на 29 ноември бил на сослушување во полициската станица каде ја раскажал својата приказна.

marinko-tuca-620x350

Против Маринко Роквич најверојатно ќе биде поднесена кривична пријава за насилничко однесување, бидеќи во саботата на паркингот на Делта Сити физички се пресметал со момчето И.А. и со неговата девојка. За ова дело може да се добие и казна затвор.

Според постоечките закони во Србија, за ова кривично дело може да се добијат и до три години затвор. Секако, при определувањето на казната се земаат во предвид и многу фактори, како: нанесените телесни повреди, дали тие се нанесени во самоодрбарана  или не, изјавите на сведоците…

Маринко нема да биде приведен бидеќи по редовен пат ќе биде поднесена кривична пријава за насилно однесување.

 

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.