Кои се историските ликови на картите и зошто Кралот Срце е единствен кој нема мустаќи

1666197-various-white-playing-cards-abstract-background

За тоа како картите стигнале до Европејците и денес постојат повеќе теории. Најверојатна е дека допатувале од Кина, Индија и Персија и тоа сосема сигурно во втората половина на 14 век, бидејќи од тогаш почнуваат првите црковни забрани кои ветуваат пекол на секој кој би се коцкал и потклекнал пред оваа „ѓаволска работа”.

Составот и изгледот на шпиловите се разликувал од држава до држава, а слично било и со бројот на картите. На пример, италијанските шпилови имале 56 карти. Вообичаениот шпил од 52 карти кој денес е најраспространет води потекло од француските карти од 15 век.

Историчарите денес шпекулираат дека картите со четири знаци – детелина (треф), лист (пик), Баклава (каро) и херц (срце), ги претставувале четирите средновековни слоеви на општеството. Детелината така ги симболизираат селаните (детелина е храна за свињите), пиковите аристократијата (како шилците на копјата, симбол на витезите), карото богаташите, е срцето црковните старешини.

Некаде во ова време почнува и помасовно производство на картите кои наскоро целосно ќе го замени рачното сликање кое постоело на почетокот. Француските мајстори станале познати ширум Европа пред се затоа што го усовршиле производството со помош на дрвен блок и бакарни плочи што им овозможило картите да ги произведуваат многу побрзо од било кој друг.

Токму тие почнале и да доделуваат имиња на „картите со лица” т.е. на кралевите, дамите и жандарите иако идентитетите на лицата кои ги претставувале се менувале во зависност од производителот и неговите желби.

Кралевите
Посебно лицата на кралевите кои се наоѓале на картите биле подложни на промени.

Кралот срце
Карло Велики – француски крал крунисан во 800 година е прв цар на Франковското царство и прв цар во западна Европа по пропаста на Западното римско царство.
Или
Шарл 7 Победникот – француски крал од династијата Валоа кој владеел во средината на 15 век. Успеал да ја ослободи Франција од Англичаните во текот на Стогодишната војна и да ја реформира војската и државата.
Или
Шарл 6 Луди – Интересно е и тоа дека во многу шпилови единствено кралот срце нема мустаци. Причината за тоа треба да се бара токму во начинот на производството на овие карти. Некој не толку вешт производител, вели приказната, лошо го изработил дрвениот калап и така го изменил првобитниот дизајн на картите. Кралот срце така ги изгубил мустаците, а и првобитната секира му била заменета со меч. Некои во ова виделе намера овој крал да се претстави како Шарл 6 Лудиот (немал мустаци) и кој ментално се разболел и за кој се зборувало дека се самоубил со меч. Затоа оваа карта порано се викала и „крал самоубиец”.

Кралот пик
Давид – библиски крал на Израел и Јудеја. По преданијата бил наследник на првиот крал на Израел, Саул и тој кој обединил 12 израелски племиња.

Кралот каро
Гај Јулије Цезар – римски војсководец, политичар и писател.

Кралот треф
Александар Велики – македонски крал и прочуен освојувач кој создал царство кое се простирало од Грција до Индија.

Кралица/дама
Идентитетот на кралицата на картите е уште потешко да се утврди бидејќи тие не биле толку познати. Ова е најраспространето толкување:

Кралица срце
Јудит – библиска личност, убава вдовица која ги искористила своите женски чаролии и итрина да ја отсече главата на асирскиот војсководец Холоферн.
Или
Изабел од Баварија – жена на Карло 6 и мајка на Карло 7

Кралица пик
Атина – грчка божица на мудроста
Или
Јованка Орлеанка – хероина на Франција од Стогодишната војна, запалена на клада.

Кралица каро
Рахила – библиска пророчка и прва жена на пророкот Јаков, еден од тројцата големи еврејски патријарси, мајка на Јосиф и Венијамин.

Кралица треф
Аргина – анаграм на зборот регина што на латински значи кралица или може да означува искривен облик на името Аргеја како што се викала митолошката принцеза од Арга.
Или
Агнес Сорел – прва официјално призната љубовница на некој француски крал. Била омилена конкубина на кралот Карло 7.
Или
Јунона – кралица на боговите во римската митологија, еквивалент на Хера.

Џандари
Имињата на џандарите, т.е. витезите останале константни и никогаш не се менувале.

Џандар срце
Ла Ир – Етијен де Вихјолес, соборец на Јованка Орлеанка, витез и херој на Франција.

Џандар пик
Холгар Дански – личност од данската епска поезија, витез на Карло Велики кој според легендата бил киднапиран од страна на вештерката Морган ла Феј, сестра на крал Артур.

Џандар каро
Хектор – тројански јунак, син на тројанскиот крал Пријам и Ахилов соперник кој го убил во текот на Тројанската војна.

Џандар детелина
Јуда Макавајески – херој на еврејскиот бунт против владеењето на Селеукод во 1 век пред новата ера.
Или
Ланселот – втор витез од легендата за Артур, вљубен во кралицата Гиневра.

По Француската револуција била прекината праксата за печатење на имињата на картите, бидејќи требало што побрзо да се раскине со било какви монархистички одбележја.

Значи се работело за привремена пракса и затоа може да се каже дека денешните кралски фигури на картите (посебно кога знаеме дека многу од нив се произведуваат во Кина) веројатно немаат многу работи заеднички со своите првобитни примероци. Сепак, приказната останала.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.