Фудбалската репрезентација на Русија ја совлада Саудиска Арабија со резултат 5-0 во мечот од Група А на Мундијалот во Русија. Сепак, вниманието на јавноста го привлече селекторот на домаќините по завршувањето на утакмицата.
Рускиот стратег Станислав Черчесов во еден момент излезе од конференцијата за новинари, бидејќи имаше многу важен повик.
“Ме повика шефот на државата да ми честита и рече да му ги пренесам на тимот неговите пофалби. Исто така, ни посака да продолжиме да играме на овој начин”, рече Церчесов.
Овие зборови кои одлучи да ги сподели со присутните новинари покажуваат колку Русите озбилно го сфаќаат овој шампионат, а во прилог на тоа оди и говорот кој Путин го одржа на отварањето.