На сите барем еднаш ни се случило, под дејство на малку алкохол, при лошо расположение или по грешка да испратиме порака, слика или видео, кои би сакале да ги повлечеме веќе во следната секунда по испраќањето.
За жал, досега не постоеше опција за повлекување на порака.
Имено, ако ја испратите пораката можете да ја избришете од својата апликација или инбокс, но лицето на кому сте му ја испратиле ќе може да ја проичита.
Но, стигнуваат најави дека постои можност во блиска иднина ова да се промени.
На Твитер профилот Вабетакинфо е објавено дека WhatsApp ја тестира можноста за воведување опција за бришење на испратени пораки.
Според најавите, со оваа опција лицето од друга страна на четот ќе види дека сте повлекле порака, но не и нејзината содржина.