КОГА НЕКОЈ ЌЕ КАЖЕ „РУСКИ ТЕНК“: Го погодија со анти-тенковска ракета од американско производство и не го ни оштетија!

Сириската терористичка група на интернет објави видео од наводен директен погодок на руски Т-90 тенк со помош на БГМ-71 ТОВ проектил од американско производство, кој остана речеиси неоштетен.

Ова видео е едно во плеадата вакви каде што се користат вакви проектили за се освен за гаѓање тенкови. На клипот се гледа оптички наведуваниот проектил како се доближува до тенкот по што следи силна експлозија и облак од чад. Неколку моменти подоцна може да се забележи како еден од членовите на екипажот излегува од тенкот неповреден.

Резултатите се многу помалку спектакуларни отколку многу снимки на кои се гледаат директни погодоци на постари модели на тенкови како Т-72 кој го користи Сириската армија. ТОВ проектилите најчесто ги уништува тие тенкови, убивајќи го и екипажот.

Тенкот на снимката е спасен благодарение на реактивниот оклоп, кој користи експлозив да ја детонира ракетата пред да удри во тенкот и да го намали нејзиниот ефект.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.