Златан Ибрахимовиќ во шokантниот трансфер од 2018 година премина од Манчестер Јунајтед во Лос Анџелес Галакси, како би ја освоил и титулата во Холивуд.
Тоа не се случи, иако Швеѓанецот ја заврши работата најдобро што можеше. На 56 утакмици постигна дури 52 погодоци, но остатокот на тимот немаше доволно квалитет.
Тоа го нервирало популарниот Ибра, па често во соблекувалната знаел да им одржи лекција на соиграчите. На една таква ситуација се потсети Португалецот, Џоао Педро. Тоа се случило во 2018 година по поразот од Хјустон.
“На крајот од натпреварот ни одржа говор. Рече: “Ако дојдовте овде на плажа или да се прошетате низ Холивуд, само кажете. Имам 300 милиони на сметка и остров, ова не ми треба. Првиот што ќе каже нешто, ќе го ybиjaм”.