Попладнево во Македонија ќе дува умреен до засилен северен ветер, а температурата ќе се движи од 15 до 23 степени.
Утре се очекува повремен локален дожд, особено во јужните делови на земјава.
Од понеделник до среда ќе има промена на временската состојба, така што времето ќе биде облачно и посвежо со пообилни врнежи од дожд, особено повеќе ќе бидат застапени во западните делови на земјава. До среда ќе остане посвежо преку денот, а потоа температурите ќе бидат во пораст.