Си било еднаш во Казахстан… Младиот Жолдасбек Толепбергенул од гратчето Актау сретнал симпатична девојка по име Асил Биназарова и на шега ја прашал – да не случајно има сестра близначка – за неговиот брат близнак…
Така и неговиот брат близнак Торебек се запознал со нејзината сестра близначка Аим. Набргу потоа, вљубените двојки направиле голема, заедничка свадба. Гостите се шегувале дека се нешто двојно гледаат.
„Најтрагичното“ се случило во моментот кога и самите младоженци ги помешале своите невести, кои биле во потполно исти фустани.
Дамите строго се придржуваат до традицијата па дома секогаш носат народни носии. И денес на браќата не им е лесно да ги распознаат своите избранички една од друга, па понекогаш просто мора да ги прашат за името.
И двајцата браќа се дипломирани ветеринари, а сестрите и двете студираат педагошки науки. Двојките засега имаат по едно дете.