Клубот за Tалентирани Средношколци 2016 од Академија Микросам со освоени две златни плакети на Макинова 2016

3

Во склоп на компанијата Микросам АД во Прилеп, работи Академија Микросам, каде се вршат обуки за програмери, инженерски помошници во машинството и инженерски помошници во електроника, автоматика и роботика. Во летниот период Академија Микросам работи и со средношколци во Клубот за талентирани средношколци. Сите овие обуки во Академија Микросам се бесплатни, единствен спонзор на Академија Микросам е компанијата Микросам АД. Преку овие обуки Микросам АД го поддржува развојот на младите таленти.

1

18 до 22 октомври 2016год. во Скопје се одржа саемот за техника Технома 2016. Паралелно со Технома веќе традиционално се одржува  и меѓународната изложба на пронајдоци, иновации и нови производи МАКИНОВА 2016.

Академија Микросам учествуваше на Макинова 2016 со два проекти:  “Робот – сложувач на рубикова коцка“ и “Роботска рака која игра tic tac toe со човек“ . Проектите ги изработија средношколци учесници на Клубот за талентирани средношколци 2016, Давид Лазароски и Ѓорѓи Димески, под менторство на проф. Емил Тавчиоски.

Поради иновативноста и успешноста, проектите се наградени на Макинова со две златни плакети.

4

Академија Микросам повеќе години со ред настапува на Макинова и освојува награди.

Со ова се докажуваат квалитетните обуки во Академија Микросам.
Идејата за еден ваков тип на образование, кој ги вклучува најатрактивните курсеви, е единствена и оригинална, барем на овие простори.

Микросам Академијата е само дел од целокупниот концепт на Микросам АД за промена на пристапот на работа, образование, размислување, како императив за постигнување на заедничката цел: Подигање на нивото на техничко – технолошки развој на Република Македонија.

2




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.