Ливерпул со голот на Ориги во последните секунди од натпреварот, со 1:0 го доби градското дерби против Евертон и забележа нова победа.
Тимот на Јирген Клоп остана на два бода заостаток зад водечкиот Манчестер Сити и ја продолжува битката за титула без пораз во премиерлигашката сезона.
Ливерпул атакуваше на три бода во текот на целиот натпревар, шансите се нижеа една по една, но “црвените” не успеваа да ја затресат мрежата на Пикфорд.
Сепак, во 96-та минута, токму Пикфорд беше виновникот за постигнатиот погодок на Ориги, а Клоп прослави на оригинален начин.
Во продолжние и победничкиот погодок: