Кличко подготвува план за евакуација?

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, подготвил план за евакуација на градот откако западните разузнавачи го предупредиле на можна руска инвазија на 16-ти февруари.

Кличко на Телеграм ги објави чекорите за заштита во “критични инфраструктурни објекти” во “случај на можна вонредна ситуација”.

„Нашите напори се насочени кон спречување или надминување на можни провокации и отпор на воениот напад“, рече Кличко, додавајќи дека овие напори вклучуваат „создавање дополнително производство на електрична енергија и создавање резерви на гориво за период до 10 дена“.

Тој, исто така, рече дека повеќе од 500 складишта и речиси 4.500 „структури со двојна употреба“ како служби за цивилна заштита се достапни во целиот град. Поставени се и планови за евакуација низ целиот град.

Изјавата на Кличко дојде откако западните медиуми објавија дека точниот датум на руската инвазија ќе биде 16-ти февруари, што наводно го потврдил и претседателот Џо Бајден, кој денеска треба да разговара телефонски со рускиот лидер Владимир Путин.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.