Mладинските категории на КК “Декса” од Прилеп вчера во спортскиот комплекс “Маркови Кули” го проверија своето кошаркарско знаење против нивните врсници од Охрид.
Се покажа дека прилепската кошарка има иднина.
Во одличната спортска атмосфера уживаа многу љубители на кошарката, родители, деца. Настан за пофалба и потврда на мотото дека улицата и пороците треба да се заменат со спорт.