Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, до претставниците на МПЦ – ОА и до сите граѓани кои денеска празнуваат.
„Упатувам искрени и срдечни честитки до сите граѓани кои денеска го чествуваат големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.
Денешниот празник нека донесе спокој, радост, љубов и топлина во секој дом, во секое семејство и нека го зацврсти духот на заедништво кај сите граѓани.
Во духот на христијанските вредности, овие празнични денови нека донесат лична и колективна благосостојба и нека бидат поттик за сплотување околу солидарноста и меѓусебната почит и разбирање.
Ви посакувам убави празнични денови.
Христос воскресна! Навистина воскресна!“