Aмбасадорка на Народна Република Кина во Македонија, во официјална посета на општина Кривогаштани, каде оствари средба со градоначалникот на општината, Игор Каравилоски.
Во продолжение интегрално соопштение од општината за остварената средба:
Средбата помина во пријателска и конструктивна атмосфера, со посебен акцент на можностите за соработка во областа на земјоделството и образованието, две стратешки области од исклучително значење за развојот на нашата општина.
Во рамки на разговорите ги презентиравме земјоделските потенцијали на Кривогаштани, како општина со силна традиција во примарното производство, како и интересот за размена на искуства, современи практики и знаења во агросекторот.
Посебно внимание беше посветено и на образованието како клучен фактор за долгорочен развој, при што беа разгледани можности за идна соработка, размена на искуства и поддршка на образовни иницијативи што ќе придонесат за унапредување на знаењата и вештините на младите.
Ја истакнавме подготвеноста на Општина Кривогаштани за отворање нови партнерства и иницијативи што ќе придонесат за развој на локалната економија и зајакнување на образовниот систем.
Амбасадорката изрази благодарност за топлиот прием и интерес за понатамошна комуникација и соработка во наведените области.
Подарокот што го предадовме има исклучителна вредност за Општина Кривогаштани. Станува збор за банкнотата од 2000 денари со мотив на македонската невестинска носија од Кривогаштани (1930). Искрена благодарност до Светлана Грозданоска за прекрасната изработка.





























