Сопственикот на една продавница, познат под надимакот Гуо, од салон за автомобили одбрал автомобил вреден 100.000 јуани (15.000 долари). Она што е најинтересно е што тој одлучил автомобилт да го плати со ситни пари од 50 и 100 центи. Одреден износ исплатил со банкноти, но и тие биле најситни.
На вработените во салонот им било веднаш наредено да започнат со броење. Им биле потребни дури 12 часа.