Кина гради идентична копија на потонатиот брод Титаник, со потполно исти димензии на 1200 километри оддалеченост од морето.
Целосно комплетиран бродот ќе биде широк 28 метри и долг 269 метри. Бродот ќе има просторија за забава, театар, базен и голем број на соби за гости.
Целиот проект кинезите ќе ги чини 148 милони долари.
Бродот се гради за да биде туристичка атракција. Тој никогаш нема да заплови. Тој е дел од политиката на кинеската власт да привлече туристи.
Ф.Г.