КИМ ВООПШТО НЕ СЕ ШЕГУВА: Дојдете ве чекаме !

kim-raketa-foto-printscreen-fb-1492237456-1159627-600x405

Министерот за надворешни работи на Северна Кореја смета дека одлуката на САД да испрати група на носачи на авиони до брегот на Корејскиот полуостров ги докажува агресивните намери на Вашингтон, а Пјонгјанг е подготвен да превземе противмерки во случај на воена акција.

Министерот изјавил дека Пјонгјанг е подготвен да се брани со воени средства.

“Испраќањето на носачи на авиони до Корејскиот полуостров докажува дека американското сценарио за инвазија на Северна Кореја достигнало сериозна фаза”.

Доколку САД се осудат да направат избор во корист на воена акција, Северна Кореја е подготвена да реагира на сите воени начини кои ќе ги изберат САД, изјавил министерот, пренесува Корејската централна новинарска агенција (КЦНА).

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.