Огромни гужви има попладнево на патот од Охрид кон Скопје. На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од километарски колони, а како и секоја година најкритично е околу Стража, зошто голем дел викендаши се враќаат и од Маврово – oбјави “Република.мк”
Затворените граници за Македонците поради алармантниот број на секојдневно новозаболени лица, ги натера граѓаните летово да останат дома, а Охрид е една од најпосетуваните дестинации.
И покрај тоа што и градот и плажите беа полни, охридските угостители сметаат дека ова е за нив пропадната сезона, зошто ги нема странските, туку само гостите со „плиток џеб“.