Кери: Кина и Русија ми ги читаат мејловите

Американскиот државен секретар Џон Кери ги обвинил Кина и Русија дека најверојатно ги читаат неговите електронски пораки.

Тој предупредил дека прашањето за кибер пиратството ќе биде отворено на средбата на претседателот Барак Обама со кинескиот претседател Си Џинпинг.

Кери во интервју за Си-Би-Ес, посочил дека постои голема веројатност дека Русија и Кина му ги читаат мејловите, бидејќи изминатите денови станало познато дека тие нападнале одреден број американски интереси.

Кери додаде дека кога пишувал електронски пораки тоа го прави со сознание дека Русија и Кина можеби го читаат.

– За жал живееме во свет во кој одреден број земји, во таа смисла и Кинезите и Русите постојано се вмешани во напади против американските интереси, против американската Влада, додаде Кери.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.