Кедев на Велигден го искачи петтиот највисок врв на светот

Македонскиот кардиолог Сашко Кедев утрото на Велигден се искачи на врвот Макалу, висок 8.485 метри, петти највисок планински врв во светот.

Успешната експедиција во која беше и Кедев, ја сочинуваше тим од четворица меѓународни алпинисти и петмина шерпаси. Кедев беше во придружба на искусниот Кили Пемба Шерпа, кој беше еден од 10-те непалски планинари кои се искачија на К2 во 2021 година.

Планинарското резиме на Сашко Кедев, покрај Макалу, вклучува искачувања на 10 од 14-те врвови над 8.000 метри. Тоа се Монт Еверест (8.848), Нанга Парбат (8.126), Анапурна (8.091), Чо Оју (8.188), Броуд Пик (8.051), К2 (8.611), Далагири (8.167), Манаслу (8.163) и Лоце (8.516).




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.