Албански рибари во водите на Јонско Море уловиле ајкула тешка 450 килограми.
Големата ајкула се вплеткала во рибарските мрежи на бродот „Марио“ во близина на Борш, кај јужниот албански град Саранда.
Ајкулата е долга пет метри и е со темна боја.
Ова не е прв случај албанските рибари да уловат ајкула, чие месо потоа го продаваат во угостителските објекти за висока цена.