Кај немаме нормална спортска сала, и таа што пречекува екипи од Лига шампиони нема светла (ФОТО)

Kај немаме ниту една голема спортска сала во функција, па не ги одржуваме ниту училишните… Фоторграфиите се од училишната спортска сала во СОУ “Ристе Ристески-Ричко”, објект каде РК Прилеп ги игра домашните натпревари во ракометната Супер лига, но и објект каде учениците од ова училиште одржуваат настава по физичко образование.

Тука гостуваат и ѕвездените екипи на Вардар и Еурофарм Пелистер, тука Прилеп и оваа година се бори да обезбеди опстанок во елитното ракометно друштво.

Спортистите и учениците велат во спортската сала не работат најголем дел од рефлекторите, а видливоста во салата е на минимум. Условите за тренинг во вакви услови се лоши, па апелираат до службите на улилиштето проблемот да се реши во најбрз рок.

Маркукуле и во минатото реагираше за ваков проблем, тогаш во спортската сала на средното економско училиште, каде по нашите апели, службите во училиштето проблемот го решија во најбрз рок.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.