Катастрофа! На жител од Црнилиште му изгоре целиот тутун, тракторот, автомобилот….

На 23.08.2024 во 16.00 часот било пријавено дека во с.Црнилиште, о.Долнени настанал пожар во помошна просторија во двор од куќа сопственост на Ѓ.С.(56). Во пожарот целосно изгорена била целата дрвна кровна конструкција покриена со лимен покрив, околу 300 бали сено, 500 бали сув тутун, машина за нижење тутун, трактор, патничко возило и делумно изгорено уште едно патничко возило.

Исто така од пожарот на помошната просторија оштетена е доградбата на новоизградената куќа во истото дворно место.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Прилеп. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.