Картите се продадоа како “алва”: Oд 17.000 гpла вечерва ќе ечи Македонија, Македонија…

Картите за денешниот клучен натпревар на Македонија против Исланд се потрошија како “алва”.

Поради Ковид протоколите дозволено е Арената “Тодор Проески” да биде пополнета до 50%, што значи дека вечерва околу 17.000 гласни грла ќе ги бодрат нашите момци да стигнат до посакуваната победа.

Натпреварот од последното коло од квалификациите за Светското првенство е со почеток од 18:00ч. Со победа Македонија ќе обезбеди сигурен бараж, а се друго ќе биде луксуз, ако се има во предвид дека Романија која е третопласирана во групата, својот последен дуел го игра против Лихтенштајн.

Им посакуваме среќа на момците, па зошто да не се случи и нова голеада, како онаа пред неколку дена против Ерменија во Ереван.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.