На скопскиот плоштад „Скендерберг“ напладне почна протестот за осудените од случајот Диво Насеље. Поддршка на протестот дадоа неколку десетина граѓани.
Демонстрантите бараат правда и слобода за осудениците.
Граѓаните кое се придружија на протестот држат транспаренти за правда за малиот Алмир, но и транспаренти со УЧК и со картата на „Голема Албанија“. На големиот транспарент со таканаречената голема Албанија стои и слика на Арсим Бајрами за кого се бара слобода.
ФОТО/ТВ 21