Карневал, изложба на олдтајмери, турнири, Ацо Пејовиќ, Реља, Милица Павловиќ… – Кавадарци повторно ќе биде центарот на случувањата во Македонија!

Од 6. септември во градот Кавадарци започнува традиционалната манифестација „Тиквешки гроздобер 2018” со тродневна целодневна и вечерна програма.

Градот Кавадарци со задоволство ги кани сите граѓани да бидат дел од оваа голема манифестација, каде ќе се задоволат сите вкусови – ќе се врати традицијата, но ќе има и моменти на забава за сите возрасти.

Дека Кавадарци и овој Гроздобер ќе биде центарот на случувањата, говори и пребогатата програма каде се предвидени турнири, изложби, традиционалниот тиквешки карневал и бројни музички ѕвезди кои ќе имаат свој настап на централната бина на градскиот плоштад.

Посетете го Кавадарци и уживајте!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.