Во последното снимање на емисијата „Ѕвездите на Гранд“, настапуваше Стефан Величковски од Скопје.
Стефан доби четири гласа, односно од Вики Миљковиќ, Џорџе Давид, Јелена Карелуша и Ана Бекута.
Тој истакна дека очекувал да има многу гласови, по што настана општи хаос во студиото на „Гранд“.
„Едвај чекам да се појави некој пејач и да го отпее Саша Ковачевиќ како треба. Не знам дали да те земам или не и изгледа дека ти ќе ме учиш како се пее, а не јас тебе“ дополни Џорџе, на што Стефан истакна дека и тој може да го учи рок пејачот како се пее.
Стефан истакна дека доколку требал да се одлучи меѓу Вики и Џорџ тој ќе ја одбрал Вики.
„Ти си дечко безобрзазен до крај. Ти си нешто најодвратно во последните неколку емисии. Тој арогантен став нема да те одведе никаде. Оди си, ја доби Вики, оди си, не сакам повеќе да те слушам“, распали Карелуша по Стефан.
Нашиот претставник испеа одлично и оди понатаму, во вториот круг. Ова однесување на Карлеуша е далеку од професионално.