Нашиот истакнат карате тренер, Златко Димоски, кој живее и работи во Австралија, и кој имаше истакнати успеси со македонскиот ката тим во женска конкуренција доби ново признание во австралиското карате – oбјави порталот “ИПОН.МК”.
Димоски за “ИПОН” информира дека пред една недела е назначен за главен карате тренер на Западна Австралија, при што тимот го комплетира со шест помошници.
„Така, следните три години сум лидер коуч за Западна Австралија и мандат за национален тренер за цела Австралија, кој ми е продолжен (бев од јануари 2018 до 2021). Сега сум на двете позиции во следните три години и на цела Австралија и на Западна Австралија“, вели Димоски.
Целата објава прочитајте ја ТУКА