Каракамишева: “Уставниот суд веќе има укинато билатерален договор, ЕПА СУДИИ БУЈРУМ СЕГА ПОВТОРЕТЕ ЈА ЛЕКЦИЈАТА ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА!”

(Фејсбук статус на Професорката Тања Каракамишева)

“ЕВЕ ШТО ОДЛУЧИЛЕ УСТАВНИТЕ СУДИИ НА 11.12. 2002 ГОДИНА:

Укината ратификацијата на договорот за нафтоводот

Уставниот суд на Македонија го укина Законот за ратификација на билатералниот договор меѓу Македонија и Грција за изградба и управување на нафтоводот.
Составен дел на билатералниот договор е и претходно склучениот инвестициски договор, кој содржи привилегии за стратегискиот инвеститор, со што, според Уставниот суд, се нарушува еднаквата правна положба на сите субјекти на пазарот, која е загарантирана со македонскиот Устав.

“Системот на привилегии што со ратификувањето на Договорот добија законска сила, всушност, воспостави монополски режим за “Окта”, што не е во согласност со Уставот”, оценил Судот.

Со оглед на тоа што инвестицискиот договор, како составен дел на Законот за ратификација, не е објавен, судот смета дека е прекршен и членот 52 од Уставот, според кој, законите и другите прописи се објавуваат пред да стапат во сила.

ЕПА СУДИИ БУЈРУМ СЕГА ПОВТОРЕТЕ ЈА ЛЕКЦИЈАТА!

ПОНИШТЕТЕ ГО ЗАКОНОТ ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА КОЈ СОЗДАВА СИСТЕМ НА ЕКСКЛУЗИВНИ ПРИВИЛЕГИИ НА ГРЦИЈА СПРОТИВНО НА УСТАВОТ НА МАКЕДОНИЈА И СПРОТИВНО НА МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО!

Ова е ваша пракса, почитувајте ја ВАШАТА РАБОТА И ЗАШТИТЕТЕ ГИ ИНТЕРЕСИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ВО ОВИЕ ИСТОРИСКИ МОМЕНТИ!

СИТЕ ОЧИ НА ЗАГРИЖЕНИТЕ ГРАЃАНИ СЕ ВПЕРЕНИ КОН ВАС!

ПОКАЖЕТЕ ИНТЕГРИТЕТ И ПОЧИТ КОН УСТАВОТ, ТА НЕЛИ СТЕ ЧУВАР НА УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА?”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.