Пред речиси два месеци, во селото Нивици, Преспа, беше потпишан Договорот за решавање на спорот со името со Грција, а од Владата на Република Македонија неколкупати најавија дека со Договорот нема да се наруши македонскиот идентитет и јазик.
И покрај тоа, професорката Тања Каракамишева, остро реагираше на својот профил на Фејсбук, а според неа тој Договор е најгеноцидниот документ за Македонците во поновата историја.
-Хејтери и остали “бранители”, како што вам никој не ви пречи да зборувате и мислите што сакате за договорот, дека со него ви ја откриле Америка, така дозволете и ние да имаме право да изразиме став дека овој договор е НАЈГЕНОЦИДНИОТ ДОКУМЕНТ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ПОНОВАТА ИСТОРИЈА!- порача Каракамишева на својот профил.