Капитенот слави роденден! Среќен роденден Кире!

На 10 мај е роден ракометарот кој ги одбележа последните две децении во македонскиот ракомет. Играчот кој дебитираше многу рано во сениорската селекција и постигна голем број на рекорди меѓу кои уште во сопственост ги има оние на Европските и Светските првенства за вкупно голови на еден шампионат денеска ќе наполни 39 години.

Кирил Лазаров уште е во одлична форма во тимот на Нант, а тој има уште што да покаже и во репрезентацијата на Македонија каде е нeзaменлив на позицијата десен бек.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.