Канчевска координатор на новата пратеничка група

Осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои гласаа за отпочнување на процесот за уставни
промени, во петокот поднеле официјално барање до собранискиот спикер, Талат Џафери да формираат
нова пратеничка група – објави “НетПрес”.

Како што Џафери ги извести координаторите на пратеничките групи на редовната понеделничка координативна средба, координаторот на „Независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија“ е Елизабета Канчевска-Милевска.

Новата пратеничка група со работата треба да почне од наредниот понеделник.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не беа на координацијата, но се очекува во текот на денот Џафери да има посебна средба со координаторот Драган Данев, исто како и со Канчевска.

ВМРО-ДПМНЕ се уште го нема доставено со Собранието и најавениот предлог-закон за амнестија за случувањата во Собранието од 27 април, но не се пристигнати нацрт-амандмните за уставните измени.

Извор: “Нет Прес”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.