Жарко Бошкоски е роден и израснат во Прилеп, град кој го носи во своето срце и визија. Со долгогодишно менаџерско искуство во осигурителната индустрија, тој знае како да создава стабилност и развој. Во младоста го претставувал Прилеп во шах на највисоко ниво, а како член на Ротари активно работи на иницијативи за подобар град. Со љубов кон технологијата и бизнисот, Жарко е подготвен да донесе чесно, модерно и транспарентно управување со Прилеп – стои во описот на кандидатот за градоначалник за општина Прилеп кој на престојните локални избори е поддржан од коалицијата „Искуство за успех“ формирана од политичките партии ЛДП, ГРОМ, Интегра и ПЦЕР.
И сето тоа е точно, кој го познава Жарко знае дека ова е и премалку кога се зборува за него. Станува збор за човек со изграден интегритет и почит во градот под Марковите Кули.
Анализирајќи ги кандидатите за престојните локални избори во Прилеп, наидовме на неговата веб страна zharkozaprilep.mk/, што е вистинска реткост досега кандидат да има своја персонализирана веб страна, каде се презентирани програмските приоритети за развој на општината.
Интересно е тоа што Бошкоски во свои приоритети има предвидено “АИ Советник за транспарентен Прилеп” – или револуционерен проект кој ја користи вештачката интелигенција за обезбедување на потполна транспарентност во општинската управа.
Според описот, ваква алатка ќе значи обезбедување иднина во работењето со локалната самоуправа, односно секој граѓанин ќе има пристап до сите општински информации во реално време, што ќе обезбеди невидена транспарентност и одговорност.
АИ агентот е предвидено да се развива во три фази, секоја дизајнирана да ги елиминира различни видови корупција.
Прва фаза: АИ агент за општински процедури
-АИ агентот ќе биде обучен на сите процедури, прашања и податоци поврзани со процедурите за добивање на било каква одлука, уверение и сл. издадени од Општината Прилеп.
-Обучен на јавната документација
-Одговори на прашања за кои сега треба да се закажува средба
Пример: Какви објекти можам да градам на оваа парцела – АИ агентот ќе одговори врз основа на урбанистичкото планирање
Втора фаза: АИ агент за јавни набавки
Агентот ќе биде обучен на правилата и документацијата за јавни набавки и може целосно да подготви тендерска документација.
-Обучен на правилата за јавни набавки
-Подготовка на целосна тендерска документација
-Водење на секоја јавна набавка или вработување
-Извештај од АИ агентот за избор на директор на секоја институција за да се осигурам дека одлуката е донесена без корупција и во согласност со законот
Трета фаза: АИ агент за активни процедури
АИ агентот ќе може да одговори на граѓаните за документацијата за сите активни процедури – со ограничувања на приватноста на податоците.
-Одговори само на граѓанинот вклучен во процедурата
-Специјален токен за идентификација
-Пристап до информации за активни процедури
-Почитување на приватноста на податоците
Навистина е убаво да се види нешто вакво, нешто револуционерно, нешто што во светот веќе го има, а кај нас се’ уште разговараме само за асфалтирање на улици, поставување водоводи и канализациони мрежи. Не, не викаме дека тоа не треба да биде приоритет, особено ако го нема во 21 век, но светот оди напред преку технологијата, а токму тука ние заостануваме во чекорот.
Погледнете ја веб страната https://www.zharkozaprilep.mk/ и прочитајте за останатите планови и проекти на Жарко Бошкоски – кандидат за градоначалник на општина Прилеп од коалицијата „Искуство за успех“ формирана од политичките партии ЛДП, ГРОМ, Интегра и ПЦЕР.