Оливиа Пирсон е канадска блогерка, реалити и Инстаграм ѕвезда и моден експерт со смисла за естетика. Родена е на 20 август 1989 година во Канада.
Убавата Канаѓанка е една од учесниците на американското реалити шоу “WAGS”, а веќе долго е вклучена во проектот за собирање пари за помош на жените болни од рак на дојка.
Оливиа е активна на социјалните мрежи на кои има повеќе од милион следбеници, каде главно објавува работи поврзани со make-up и мода. Кога станува збор за мажите, моментално е слободна и во потрага по нова љубов, а преферира спортисти.