Американскиот милијардер Џорџ Сорос ни малку не е задоволен со победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, со оглед на тоа што претрпе загуба од скоро милијарда долари.
Како што пишува “Волстрит журнал”, одма откако Трамп победил на изборите, американските берзански индекси нагло ја изгубиле вредноста, но потоа дојде до неочекуван пресврт – акциите започнаа да растат во просек по 10% дневно.
Американскиот весник пренесува од извори блиски до милијардерот, дека тој изгубил голема сума на пари, бидеќи очекувал голем пад на вредноста на берзанските индекси.
Ф.Г.