КАКОВ ТИКЕТ: Вложил 30 динари, заработил 60.000 евра

Во вторникот, во Лигата на шампионите, се одиграа натпреварите од третото коло во Е-Х половината, а резултатите на седум од осумте мечеви на обложувач од Панчево, Србија му овозможиле добивка од 60.000 евра.

 

tiket-60

Жител на српскиот град Панчево, во вторникот, одиграл седум од осумте натпревари во ЛШ, по принцип полувреме-крај, уплатил 30 динари, ги погодил сите седум мечеви и заработил 60.000 евра.

Човекот кој составил еден од најдобрите тикети, не го одиграл единствено мечот во Лисабон, помеѓу Спортинг и Борусија Дортмунд.

Обложувачот мечот Бриж-Порто го играл од 1 во 2, а Португалците до триумфот стигнаа со пресверт и гол од пенал во 93.минута.

Панчевецот Реал го играл 6+, типувал дека нема да има победник на мечот во Леверкузен, односно дека ЦСКА ќе има предност на полувреме против Монако, но дека мечот ќе заврши без победник.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.