Вчера во Скопје се одржа 28. Државно првенство во бокс за деца, кадети, јуниори и сениори, каде публиката уживаше во 16 финални борби.
Шест финалиња се одржаа во сениорска конкуренција, во јуниорска четири, а шест имаше и во кадетска конкуренција.
Боксерскиот клуб АС од Прилеп кој моментално е лидер на табелата во детската бокс лига, на ова првенство освои 8 медали (1 златен, 4 сребрени и 3 бронзени).
Со медали се закитија: Матеј Чатлески освои злато и по втор пат стана државен првак на Македонија, Теодор Тошески, Максим Стојаноски, Марко Петрески и Демир Демиров се закитија со сребрени медали, а бронзи освоија Стефан Иваноски, Николче Соколоски и Мануел Абдуловски.
Ова е огромен успех за боксот во Прилеп, а клубот на Чатлески докажа уште еднаш дека го има главниот збор на бокс сцената во Македонија.
Особено за пофалба е успехот на младиот Матеј Чатлески, кој е трета генерација во семејството Чатлески што се занимава со овој спорт. Матеј очигледно го наследил талентот од својот татко Дарко Чатлески, но и техниката и тактиката од неговиот дедо Ѓорѓи Чатлески.
Честитки за постигнатите успеси за сите АСОВЦИ, и им посакуваме уште поголеми успеси во иднина.
Наскоро и видеа од одличните борби на прилепските боксери.