“Грижливиот” татко се потрудил да осигура “добри” услови за неговата ќерка и нејзиното студирање во Шкотска да помине одлично.
Се работи за индиски милијардер, кој на својата ќерка и купил посебен хотел за таа да престојува таму додека студира на престижниот Универзитет “Сент Енруз”, објави таблоидот “Тhe Sun”.
Taткото ќе вработи и 12 луѓе во хотелот кои треба да се грижат на неговата ќерка ништо да не и недостига.
Во огласот за работа се нуди плата од приближно 30.000 фунти годишно.
Во огласот се бараат гувернант, батлер, кувар, тројца послужувачи на маса, возач, домар, три собарки и управник на хотелот.
Понатаму се пишува дека гувернантот треба да биде “енергична и ведра” личност, а управникот на хотелот е должен да ги надгледува вработените.
Ќерката има само една задача – да донесе дома одлични оценки.