Замрачувањето на собата за време на вашето спиење е наједноставниот начин да се сочува создавањето и функционирањето на мелатонин.
Кога луѓето имаат проблем и не можат да заспијат, давањето на овој хормон како лек, се покажало како многу ефикасно решение.
Хормонот мелатонин, е хормон на пинеалната жлезда и е многу важен за зачувување на мозочните ќелии.
Оваа жлезда се наоѓа на средината од мозокот и нејзината активност е исклучиво за време на ноќта. Кога има мрак, серотонинот се претвора во мелатонин.
Поради ова, најдобро е да ја замрачите собата пред легнување и нема да имате проблем со несоница.
Ф.Г.