Температурите во некои делови од Сибир паѓаат и до -50 степени Целзиусови и овие температури би го загрижиле секој човек, но не и Русите кои успеваат да се забавуваат и на најстудените предели од својата земја.
Како што наведува “Russia Today”, сибирските метеоролози ги предупредиле граѓаните дека екстремно ладното време носи голема опасност.
Екстремно ниските температури ќе се задржеле и во следните денови, па метеоролозите предупредуваат да се посвети посебно внимание на децата и нивното затоплување. Им препорачуваат на граѓаните да пијат топли напитоци како чај или топла супа.
И покрај ниските температури, голем број на луѓе се забавуваат надвор. Еден човек во Нојабрск е снимен како храбро вози велосипед на температура од -50 степени целзиусови.
Во одредени делови на Сибир имало и пукање на асфалтот поради екстремно ниските температури, пренесува Russia Today.
Ф.Г.